Руските власти спроведуваат попис во Крим

Руските власти спроведуваат попис во Крим. Од денеска до 24 октомври ќе се пребројува населението во отцепениот полуостров од Укриана, кој Русија го анектираше во март. Од Кримската служба за статистика велат дека жителите ќе одговараат на пописен лист кој содржи 33 прашања. Активисти за човекови права велат дека пописот се спроведува за да се казнат кримските Татари кои ја оспоруваа анексијата. Според пописот од 2001 година, во Крим живееле 2.340.000 луѓе, од кои повеќе од 60 проценти се изјасниле дека се Руси, 24 проценти како Украинци, а 12,4 како кримски Татари. Русија одржа попис во 2010 и го планира следниот за 2020 година.