Осум лица убиени во кинескиот регион Ксинџијанг

Осум лица се убиени во проблематичниот кинески регион Ксинџијанг. Радио Слободна Азија јави дека двајца етнички Ујгури убиле тројца полицајци и тројца претставници на владините сили пред да бидат застрелани. Тие ги убиле полицајците и претставниците на владините сили како одмазда за нивниот брат кој починал додека бил во притвор.