Обама на разговори за стратегијата против ИД

Американскиот претседател Барак Обама на средбата со воени лидери на 20 држави ќе разговара за стратегијата против милитантите на Исламската држава во Сирија и Ирак. Целодневниот состанок ќе го води шефот на Генералштабот на САД, генерал Мартин Демпси во воздухопловната база Ендрус во близина на Вашингтон. Состанокот доаѓа во време кога и покрај притисоците од страна на коалицијата предводена од САД, милитантите направија значителен напредок во Ирак, а го држат под опсада и сирискиот град Кобани.