Обама бара поголема акција во борбата против еболата

Барак Обама

Белата куќа соопшти дека претседателот Барак Обама и генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун се согласиле меѓународната заедница да ги интензивира напорите за порешително справување со еболата. Обама разговарал и со францускиот претседател Франсоа Оланд во врска со помошта што може да им биде дадена на африканските земји кои се најпогодени од оваа заразна болест. Шефицата на Светската здравствена организација Маргарет Чен предупреди дека епидемијата од која досега починале околу 4 илјади луѓе може да претставува закана за меѓународниот мир и безбедност.