Одложен процесот против новинарката на РСЕ Исмаилова

Кадиџа Исмаилова

Судскиот процес против новинарката на азербејџанскиот сервис на РСЕ Кадиџа Исмаилова за клевета е одложен за 17 Октомври. Таа е позната по нејзините истражувачки текстови за бизнис интересите на семејството на претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев.

Таа е обвинета дека постирала наводен документ на социјалните медиуми дека азербејџанските тајни служби користеле незаконски снимено секс видео за да уценуваат опозициски активист. Исмаилова гледа на случајот како на дел од поширока акција против граѓанското општество од страна на азербејџански влада.

На 11 октомври, Азербејџанските власти не дозволија Исмаилова да допатува патуваат во Прага, каде што требаше да присуствува на меѓународна конференција.