Курдските борци го бранат Кобани

Курдските борци потпомогнати од воздушните напади предводени од САД, продолжуваат да го бранат Кобани да не потпадне целосно во рацета на милитантите од Исламската држава. Милитантите го држат градот под опсада речиси четири недели. Тие контролираат една третина од градот.

Во меѓувреме, Турција се согласи нејзините воени бази да се користат од страна на коалицијата при извршување на воздушните напади во Сирија и Ирак, како и да се тренираат сириските бунтовници кои се борат против милитантите.