ИД изврши бомбашки напад во близина на Кобани

Милитанти од Исламската држава активирале камион полн со експлозив во северниот дел на опколениот курдски град Кобани, во близина на турската граница. Според сириската опсерваторија за човекови права и курдските претставници, нападот се случил на околу 2 км северно од Кобани. За градот со недели се водат борби меѓу милитантите на Исламската држава и курдските борци.