Двоен бомбашки напад во Авганистан

Најмалку тројца цивили загинале, а деветмина се повредени во два одвоени напади во Авганистан, соопштија тамоштните власти. Од министерството за одбрана велат дека во бомбашки напад насочен кон конвој на НАТО, еден цивил загинал, а тројца се повредени. А во самоубиствен напад во источната провинција Нангархар, загинале двајца цивили, а шестмина биле повредени. Во нападите се повредени и еден армиски офицер, а две воени возила се уништени. Талибанците ја презедоа одговорноста за нападите.