Предупредување за бомба на аеродормот во Тирана

Предупредување за поставена бомба на аеродромот „Мајка Тереза“ во Тирана, утрово, на нозе ги крена властите во албанскиот главен град. Полициски сили во голем број се обидуваат да ја проверат заканата. Алармот е даден откако во еден од тоалетите на аеродромот е пронајдена сомнителна торба. Тоа предизвикало паника меѓу патниците кои се евакуирани од просториите на аеродромот.