Маскирани лица ги нападнале демонстранти во Хонг Конг

Група маскирани лица ги рушеле барикадите поставени од страна на продемократските демонстранти во Хонг Конг, предизвикувајќи судири. Групата која носела маски, извикувала „отвoрете го патот“, пред да почнат да ги рушат барикадите и да ги туркаат демонстрантите. Демонстрантите имаат поставено барикади во центарот на градот веќе неколку недели. Полицијата спречила судирите да излезат од контрола. Демонстрантите, главно студенти, почнаа протести во септември. Тие бараат изборни реформи.