Бомбашки напад врз конвој на НАТО во Кабул

Авганистанските власти соопштија дека во Кабул денеска бил извршен самоубиствен напад со автомобил бомба врз конвој на НАТО мисијата. Притоа, како што се наведува, немало жртви меѓу странските војници, но оти биле ранети цивили. Новинските агенции наведуваат дека во тој дел на Кабул имало американска воена база, како и канцелариите на авганистанската изборна комисија, но и сместувачки капацитети за вработени во Обединетите нации и за други странски работници. Талибанците ја презедоа одговорноста за нападот.