Скоро 5 ипол милијарди долари за обнова на Газа

На конференцијата што вчера се одржа во Каиро, странските донатори ветија скоро пет ипол милијарди долари помош за Појасот Газа и побараа од Израел и палестинците да ги обноват мировните напори. Шефот на норвешката дипломатија Боерге Бренде изјави дека помошта е наменета за обнова деловите на Газа разурнати во 50 дневната војна меѓу Израел и Хамас во текот на јули и август годинава. Најмногу пари, односно милијарда долари вети Катар. Соединетите држави ветија над 210 милиони, додека Европската унија 450 милиони долари.