Времето денеска, сончево и малку облачно

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност. Претпладне по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност . Утринската температура ќе се движи шест до 14, а дневната од 21 до 27 степени. Во Скопје и околината слично време со температура од 11 до 25 степени.