Тачи реизбран за претседател на ДПА

Мендух Тачи е реизбран за претседател на ДПА на денешниот шести конгрес на партијата што се одржа во Центарот за култура „Иљо Антески Смок“ во Тетово.

Според Тачи конгресот бил успешен а делегатите ги потврдиле програмската определба и платформата на ДПА.

Избрано е и ново раководство што ќе го сочинуваат четворица потпретседатели - професорите Ваљбона Тоска, Арнолд Беќири, Бардиљ Даути и пратеникот Орхан Избраими, како и нов генерален секретар, а тоа е градоначалникот на општина Студеничани Азем Садику.