Убиен ирачки полициски шеф

Илустрација.

Шефот на полицијата во провинцијата Анбар во западен Ирак, генерал Ахмед ал-Дулаими, денеска бил убиен во бомбашки напад. Провинцијата Анбар е едно од главните упоришта на сунитските милитанти од Исламската држава, кои се борат против владините сили. Полицискиот шеф загинал утринава кога бомбата експлодирала во близина на неговиот конвој со возила кој се движел кон главниот град на провинцијата, Рамади. Провинцискиот совет на Рамади бара од ирачката влада да побара американски копнени сили за помош во борбата против милитантите од Исламската држава, но ирачкиот премиер Хајдар ал-Абади во неколку наврати ја исклучува можноста за странски копнени сили во Ирак. Коалицијата предводена од САД ги поддржува ирачките владини сили со воздушни напади.