Малала најмладиот добитник на Нобеловата за мир

Малала Јусуфзаи од Пакистан.

Активистите за човекови права Малала Јусуфзаи од Пакистан и Калијаш Сатијарти од Индија се добитници на Нобеловата награда за мир за 2014. Норвешкиот Нобелов комитет соопшти дека двајцата ја добиле наградата да нивната борба против задушувањето на правата на децата и младите да се образуваат.

Активистите за човекови права Малала Јусуфзаи од Пакистан и Калијаш Сатијарти од Индија се добитници на Нобеловата награда за мир за 2014. Малала ја доби наградата за нејзината борба против Талибанците кои не дозволуваат девојчињата да одат на училиште. Таа беше и застрелана во главата во 2012 додека одела на училиште. Потоа нејзината борба за правото на образование на девојчињата стана меѓународна позната, за што таа доби и многу пофалби и награди. Малала сега живее во Велика Британија.

Другиот добитник, Индиецот Сатијарти кој има 60 години ја продолжува традицијата на Махатма Ганди и предводејќи мирни протести се бори против експлоатацијата на децата.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Приказната за Малала - едукација и мир!

Двајцата ја добиле наградата да нивната борба против задушувањето на правата на децата и младите да се образуваат.

Норвешкиот Нобелов комитет соопшти дека двајцата ја добиле наградата да нивната борба против задушувањето на правата на децата и младите да се образуваат. Малала која има 17 години, е најмладата личност што досега ја добила Нобеловата награда за мир.

Калијаш Сатијарти од Индија.


Меѓу фаворитите за освојување на наградата беа и Едвард Сноуден и папата Френсис. Сноуден беше номиниран за тоа што минатата година разоткри документи на американската тајна служба за следење на луѓе. Папата Франсис заради неговата улога во помагање на сиромашните и бездомници и барањето да се направи редистрибуција на богаството. Некои прогнозираа дека можен добитник е рускиот весник „Новаја газета“, за неговата критика на Кремљ и нивните истраги на коруптнивни зделки. Норвешкиот Нобелов комитет, соопшти дека добиле рекордни 278 номинации за наградата за оваа година. Наградата изнесува 1,1 милион долари.