Во Таџикистан денеска нема SMS пораки

Граѓаните во Таџикистан денеска не можат да си праќаат SMS пораки, бидејќи системот е блокиран, поради најавените протести на опозицијата во Душанбе. Од Државниот телекомуникациски сервис јавија дека имаат проблеми со пораките кои се предизвикани од неодреден технички проблеми, но мобилните оператори велат услугите биле запрени по наредба на државниот Телеком. Стотици веб сајтови, вклучувајќи Фејсбук и Јутуб, како и популарни руски социјалните мрежи се блокирани во земјата од 5 октомври.

Блокадата започна откако опозициското движење Група 24, преку социјалните мрежи повика на масовни протести против власта на 10 октомври. Врховниот суд вчера ја забрани организацијата, велејќи дека станува збор за екстремисти. Денеска Јавното Обвинителство понуди амнестија за членовите на Група 24, ако се откажат од организацијата.