Италијанецот Меучи нов шеф на ЕУЛЕКС на Косово

Досегашниот шеф на ЕУЛЕКС во Косово, Бернд Боршард.

Искусниот италијански дипломат Габриеле Меучи, денеска е именуван за нов шеф на Мисијата на Европската унија за владеење на правото во Косово, наречена ЕУЛЕКС Косово. Меучи ќе ја превземе функцијата од страна на Бернд Боршард на 15-ти овој месец и предвидено е да остане на ова место до 14-ти јуни 2015 година.

Мисијата на ЕУ во моментов е во процес на реконфигурација, со оглед на исфрлањето од употреба на основните задачи на локалните власти и другите актери на ЕУ, со одобрение на Советот на ЕУ во јуни оваа година.

Денешната одлука за именување на Меучи беше донесена од страна на Комитетот за политика и безбедносност на Унијата.