Порошенко го потпиша законот за лустрација

Украинскиот претседател Петро Порошенко го потпиша нацрт-законот за лустрација, со што тој стапува на сила. Неговата прес служба соопшти дека претседателот го потпишал законот што парламентот го усвои на 16 септември. Според законот ќе бидат опфатени до еден милион државни службеници, вклучувајќи министри кај кои ќе се испитува склоност кон искоренување на корупција за време на администрацијата на поранешниот про-руски претседател Виктор Јанукович. Службениците кои не можат да ги објаснат своите извори на приходи и имот, нема да можат да работат јавна функција од пет до 10 години. Претседателот вели дека тој го потпишал законот за да ја врати довербата во Украина. Украинскиот министер за внатрешни работи рече дека ќе почнат со процесот на лустрација штом законот ќе стапи на сила.