Кина - медиумите затворени за непримерните „ѕвезди“

Во Кина на славните луѓе, кои ќе бидат фатени дека употребуваат дроги, користат услуги на проститутки или на друг начин го кршат законот ќе им биде забранет пристап до медиумите. Медиумското надзорно тело во Кина денеска соопшти дека познатите личности кои го прекршуваат законот не треба да се покануваат да гостуваат на медиумите, а тие ниту да се известува за нивните дела. Забраната, исто така, ги опфаќа и онлајн медиумите и филмот. Од таму велат дека неодамнешните случаи на ѕвезди кои го прекршиле законот, му нанела штета на имиџот на забавната индустрија и оставила лош пример за младите луѓе.