Индија со предупредување до Пакистан за Кашмир

Кашмир.

Индискиот министер за одбрана Арун Џеитлеј го обвини Пакистан за непровоцирани напади на регионот Кашмир кој е контролиран од Индија и предупреди дека понатамошното насилство може да доведе до тешка одмазда.

Ако во Пакистан продолжат со овој авантуризам, тогаш нашите сили ќе продолжат да се борат, а тоа ќе го чини Пакистан, вели индискиот министер.

Најмалку девет пакистански и осум индиски цивили се убиени во прекуграничните препукувања во текот на изминатата недела во Кашмир.