Јемен - експлозија на бомба, по оставката на премиерот

Премиерот на Јемен, Ахмед Авад бин Мубара.

Најмалку десет луѓе се убиени во експолозија на бомба во главниот град на Јемен, само неколку часа откако новиот премиер Ахмед Авад бин Мубарак си поднесе оставка. Експлозијата се случила на централниот плоштад Тахрир, при што биле повредени и многу луѓе.
Јемен се соочува со длабоки тензии меѓу сунитските власти и шиитската Хути милиција, кои го контролираат главниот град Сана од минатиот месец. Бунтовниците повика на масовни протести на 9 октомври против назначувањето на Мубарак за премиер. Соединетите Американски Држави и други земји се загрижени дека нестабилност во Јемен може да ја зајакне Ал-Каеда.