Украинскиот „замрзнат конфликт“ може да ја дестабилизира Европа

Шефот на украинската дипломатија Павло Климкин

Украина побара од Европската унија да не прифаќа отцепување на проруските бунтовници на истокот на земјата со оценка дека тоа би можело да ја дестабилизира Европа. Шефот на украинската дипломатија Павло Климкин ја повика Москва да ги одврати сепаратистите од одржување избори во регионите на Доњецк и Луганск во идниот месец. На таков начин, според него, во источните делови на земјата ќе има замрзнат конфликт како што е случајот со Трансдњестар и Абхазија во Молдавија и Грузија. Климкин смета дека најдобро би било тамошните жители да гласаат на локалните избори што за декември ги најави Киев.