Пет авганистански мажи обесени групно силување

Пет авганистански мажи, осудени за групно силување на 4 жени во близина на Кабул во крајот на август, денеска се обесени во затвор, соопштија авганистанските власти.

Сите мажи беа прогласени за виновни за киднапирање и напад врз женските членови на група која се враќала во Кабул од свадба.

Организациите за човекови права го повикаа сегашниот претседател Ашраф Гани да ја запре егзекуцијата, велејќи дека немало докази, дека луѓето биле присилени да признаат и дека имало политички притисоци за време на судењето. Случајот предизвика жестоки протести пред Судот во Кабул додека траеше процесот. . Тогашниот претседател Хамид Карзаи повика мажите да бидат обесени дури и пред судењето кое заврши минатиот месец.