Премиерот Груевски се сретна со американски конгресмени

Премиерот Никола Груевски, денеска се сретна со членовите на Претставничкиот дом на Конгресот на САД, Мајк Тарнер, Лорета Санчез и Пол Кук. Од владата соопштуваат дека соговорниците позитивно ги оцениле односите помеѓу двете земји. Членовите на американскиот Конгрес го истакнале позитивниот придонес кој македонските мировници го даваат во рамките на НАТО мисиите, а ја истакнале и поддршката на САД за членство на Република Македонија во Алијансата. Соговорниците разменија мислење и за теми од регионален карактер, с енаведува во соопштението.