Претседателот на Кенија пред Судот во Хаг

Претседателот на Кенија, Ухуру Кањата, е првиот актуелен претседател на една земја кој ќе се појави пред Меѓународниот кривичен суд. Тој е повикан пред судот во Хаг за да одговори на прашања во врска со неговата улога во организирање на смртоносните постизборни насилства во 2007-2008 година. Тој е обвинет за злосторства против човештвото.