Милитантите на ИД собориле ирачки воен хеликоптер

Милитантите на Исламската држава собориле ирачки воен хеликоптер во близина на рафинеријата во градот Баиџи во северен Ирак. При нападот загинале двајцата пилоти во хеликоптерот. Ова е втор ирачки воен хеликоптер соборен од страна на милитантите на ИД во изминатата недела. Милитантите го зазедоа Баиџи во јуни. Тие со месеци се борат со владините сили за контрола на рафинерија за нафта во близина на Баиџи, една од најголемите во Ирак.