Средба на Ахмети со грчкиот амбасадор Лалакос

Претседателот на ДУИ Али Ахмети и грчкиот амбасадор Харис Лалакос.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети денеска во седиштето на партијата во Тетово се сретна со амбасадорот на Грција во Македонија Харис Лалакос. Соговорниците на средбата разговарале за односите меѓу Скопје и Атина, случувањата во земјите од Западен Балкан и евроатланските интеграции. Во соопштението од ДУИ се вели дека Ахмети побарал поголемо вклучување на меѓународната заедница за посредување меѓу Скопје и Атина, за да се постигне компромис.

Грчкиот амбасадор истакнал дека надворешната политика на Грција се базира на интегрирањето на соседите во НАТО и ЕУ и овој принцип останува непроменет и додал дека за да се постигне ова мора да се надмине прашањето за името.