Русија се повлече, повеќе стипенции од САД за Украина

Повлекување на Русија од американската програма за средношколци, ќе отвори повеќе простор за средношколците од Украина и од другите поранешни советски републики. Поради сериозно затегнати односи меѓу Русија и Западот за кризата во Украина, Русија минатиот месец изјави дека во учебната 2015-2016 нема да учествува во програмата за размена на студенти, која обезбедува стипендии за ученици од 10 поранешни советски републики.

Високиот претставник на американскиот Стејт департмент за европски и евроазиски прашања, Викторија Нуланд, изјави дека жали за одлуката на Русија, но дека тоа во меѓувреме отвора нови 100 места за стипендирање на ученици од Украина, рече таа пред студентите во Киев. Со дополнителните 100 стипенции, бројот на ученици од Украина ќе се зголеми на 300.


Остатокот од речиси 240 стипендии кои остануваат поради неучеството на Русија, ќе бидат распределени меѓу Грузија, Молдавија и Ерменија, пишува Њујорк тајмс.