Убиени тројца милитанти во Дагестан

Руската полиција соопшти дека се убиени тројца осомничени милитанти кои нападнале контролен пункт во Дагестан. Новинските агенции цитираат официјални лица кои велат дека напаѓачите украле автомобил и отвориле оган на полициски пункт во близина на планинското село Хедба. По што полицијата одговорила со оган и ги убила тројцата милитанти. Од руска страна нема жртви. Дагестан се соочува во насилство од исламистички милитанти, како и со организиран криминал, бизнис спорови и ривалство меѓу клановите.

Извори за новинските агенции велат дека тројцата мажи биле членови на „терористичка“ ќелија и дека во нивниот автомобил биле пронајдени оружје, миниција, гранати и експлозиви