Побарана меѓународна реакција за Кобани

Новиот пратеник на Обединетите нации за Сирија Стафан де Мистура

Новиот пратеник на Обединетите нации за Сирија Стафан де Мистура побара итен меѓународен одговор за нападот на милитантите на Исламската држава врз стратегискиот сириски град Кобани кој се наоѓа на границата со Турција. Според него, светот длабоко ќе зажали доколку овој град падне во рацете на милитантите. Во меѓувреме сојузниците предводени од Соединетите држави ги интензивираа воздушните напади со цел да ги натераат милитантите да се повлечат од деловите на Кобани што ги имаат освоено. Илјадници курди протестираа во Турција со барање за поцврст одговор против ИД. Притоа, во судирите со полицијата имало неколкумина загинати.