Вељаноски се сретна со британските парламентарци Бинли и Причард

.

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска оствари средба со членовите на Парламентот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска Брајан Бинли и Марк Причард.

На средбата, како што јави МИА, станало збор за актуелните состојби во двете земји, како и за евро-атлантските интеграции на Република Македонија. Бинли и Причард искажаа поддршка за македонското членство во НАТО и Европската унија, истакнувајќи воедно дека ќе се заложат за претставување на Република Макдонија и нејзино актуелизирање.

Претседателот Вељаноски ги потенцираше трпеливоста и оптимизмот што ги има македонската страна на патот кон интегрирањето и дека е од особено значење да бидеме формално интегрирани во европските процеси бидејќи и територијално припаѓаме на Европа.