Земјотрес со интензитет од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван во Скопје и околината денеска во 12 часот и 45 минути, соопшти Сеизмолошката опсерваторија Скопје.
Епицентарот на земјотресот е на околу 20 километри северно од Скопје и потекнува од скопското епицентрално подрачје.