Цвеќиња од весници во спомен на Политковскаја

Во спомен на починатата руска новинарка Ана Политковскаја, која се занимаваше со истражувачко новинарство, новинари денеска оставаа цвеќиња изработени од весници, пред седиштето на Новаја Газета, весникот во кој работеше таа. Денеска се одбележуваат осум години од нејзиното убиство. Церемонијата за одбележување на годишнината ја организираше Амнести интернешенел, а одбележување имаше и во други градови.

Политковскаја, која беше голем критичар на претседателот Владимир Путин, истражуваше високо ниво на корупција и кршење на човековите права во Чеченија. Потоа беше застрелана пред својот дом во Москва на 7 октомври 2006 година.

Во јуни минатата година за вмешаност во нејзиното убиство беа осудени двајца мажи на доживотен затовр, а тројца други на долги затворски казни. Роднини и колеги на Политковскаја велат дека правдата нема да биде задоволена се додека не се идентификуваат и осудат оние кои го наредиле нјезиното убиство. Политковскаја беше убиена на роденденот на Путин, поттикнувајќи шпекулации дека нејзиното убиство беше замислено како „подарок“ за претседателот.