Понеделник последен рок за барања за отпис на долгови

Понеделник е последниот рок кога граѓаните од ранливите категории може да поднесат барање за отпис на долговите. Продолжување на рокот ќе нема, а надлежните ги повикуваат граѓаните што ги исполнуваат условите да ги посетат центрите за социјална работа и да поднесат барање. Досега се поднесени околу 34 илјади барања, а првите решенија се очекуваат меѓу 20 и 25 октомври.

Најголем дел од барањата, 11 илјади се во Скопје, во Куманово има 4.500, а следуваат Прилеп, Тетово, Гостивар и Струмица со поднесени меѓу 1.600 и 2.600 барања.

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, вели дека интересот на граѓаните во сите населени места за овој проект е извонреден и согласно очекувањата. Според него тоа покажува дека мерката е добро дизајнирана.

Поднесувањето барања за отпис на долговите почна на 18 август.