Несигурни плати и непочитување на работнички права

Претседателот на ССМ Живко Митревски.

Во Македонија најлоши услови за работа има во секторите каде се бара нискоквалификувана работна сила, а сознанијата на синдикатот укажуваат дека најчесто работниците се жалат на несоодветни услови за работа, несигурна плата и занемарување на основните работнички права загарантирани согласно законот и колективните договори, нотира од ССМ на трибина на Светскиот ден на пристојната работа..

Според нив, потребно е да продолжат напорите на синдикатите и на сите инволвирани страни за пристојна работа со што ќе се обезбеди поголема продуктивност кај работниците и ќе се намали гладот и сиромаштијата,

Од Сојузот на синдикати на Македонија сметаат дека социјалниот дијалог и колективното договарање се клучни за да се постигнат начелата за пристојна работа.

Годинава, Светскиот ден на пристојната работа се одбележува под мотото „Стоп на непостојаната, стоп на несигурната работа“.