Паѓа профитот на Самсунг Електроникс

Жестоката конкуренција во секторот „паметни телефони“ се одрази на профитот на Самсунг Електроникс. Гигантот од Јужна Кореја предвидува дека профитот во третиот квартал ќе биде 60 проценти од она што било во истиот период минатата година, односно околу 3,8 милијарди долари.
Самсунг вели дека падот се должи на слабости во нивната информатичка технологија и бизнисот со мобилни во време на интензивна конкуренција.