Опозициска група во Таџикистан повикува на протести

Таџикистанскиот министер за внатрешни работи Рамазан Рахимзода рече дека опозициската група која планира антивладини демонстрации во Душанбе се „криминалци“. Тој вели дека водачите на движењето „Група 24“ се криминалци кои живеат во странство, а кои се бараат во Таџикистан за различни кривични дела. Лидерот на групата, Умарали Гуватов преку социјалните мрежи повикува на протест во Душанбе на 10 октомври.
Извештаите велат дека поради повиците за протест се блокирани стотици веб сајтови, вклучувајќи ги Фејсбук и Јутјуб. Интернет страниците се недостапни од 5 октомври. Претставници на државната комуникациска служба велат дека немаат никаква врска со интернет блокадата.