Могерини: политичка волја за решавање на спорот со името

Федерика Могерини

„Потребна е политичка волја за решавање на прашањето за името со ФИРОМ“, изјави идната претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија Федерика Могерини, на сослушувањето пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент. Одговорајќи на прашањето за иднината на земјите од Западен Балкан во однос на евроинтеграциите Могерини рече дека не би било фер да се има еден приоритет на Балканот. „Ризикуваме да ги удвоиме проблемите, ако не работиме на интеграција на овие земји. Приоритет број еден е Босна и Херцеговина, по изборите да се имплементира начин земјата да излезе од криза. Разговорите меѓу Србија и Косово се одвиваат добро на техничко ниво, но треба и на политичко. Албанија има уникатна шанса за реформи, а Црна Гора е прва на листата во однос на напредокот кон Унијата. Во однос на ФИРОМ и прашањето за името, верувам дека треба да се најде политичка волја за негово решавање“, посочи Могерини.