Улични борби во Кобани, исламистите напредуваат

Милитани на Исламската држава и курдските сили водат улични борби во сирискиот град Кобани во близина на границата со Турција. Според новинските извештаи, џихадистите ја пробиле одбраната на истокот на градот, употребувајќи тенкови и автомобили бомби. Притоа тие зазеле неколку квартови. Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Британија јави дека курдските борци имале помалку оружје и биле помалубројни од милитантите. Курдските борци побараа од Соединетите држави и сојузниците да ги интензивираат воздушните напади. Екстремистите на сунитската група Исламска држава освоија големи делови на Сирија и Ирак каде што спроведуваат брутално етничко чистење.