Во Техеран разговори за иранската нуклеарна програма

Експерти на Меѓународната агенција за атомска енергија денеска во Техеран ќе имаат разговори за иранската нуклеарна програма. Меѓународната агенција соопшти дека сака да утврди дали иранските нуклеарни активности имаат воен аспект. Иран не успеа да го испочитува крајниот рок, 25 август за да ја информира Меѓународната агенција за атомска енергија во врска со ова прашање.