СДСМ реагира на пресудите во „Шпион“

СДСМ во денешното соопштение до медиумите во врска со пресудите за случајот „Шпион“ прашува какви државни тајни оддале обвинетите за да им бидат изречени големи затворски казни.

Од партијата прашуваат колку е нарушена безбедносната состојба во Македонија со тајните што ги издале инволвираните во овој случај.

„Изречените казни го отвораат прашањето за политичка одговорност за случајот „Шпион“ од сите во државата кои се повикани да ја штитат безбедноста на Република Македонија и нејзините граѓани“, велат од СДСМ.