ДНК ќе утврди дали пронајденото тело е на Дениса Маркоска

Дениза Маркоска, македонска девојка од Прилеп која исчезна од брод во Грција.

Во саботата е пронајден женски труп на северозападниот брег на грчкиот остров Карпатос, за кој постои сомневање дека се работи за исчезнатата Македонка Дениса Маркоска. Телото е однесено на островот Родос каде што ќе биде направена аутопсија со цел да се утврди времето на смртта или други информации кои може да придонесат за откривање на идентитетот и причината за смртта на жената.

„Етнос“ пишува дека според првичните индикации, може да се работи за 23-годишната Дениса Маркоска која на 12 септември исчезна од бродот за крстарење „Серенисима“ на кој работела. Бродот тој ден пловел меѓу Карпатос и Родос, а негова крајна дестинација бил Агиос Николаос.

За истрагата се известени македонската Амбасада во Атина и македонските власти.