Експерти од МААЕ во посета на Техеран

Експерти од ОН, од надзорното тело за нуклерана програма, утре во Техеран треба да одржат разговори за нерешените прашања во врска со иранската нуклеарна програма.

Посетата на експети од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), е во обид да дознаат дали иранските нуклеарни активности имаат воени аспекти. Иран не успеа да го исполни крајниот рок, 25 август, да обезбеди информации кои ги бараа од МААЕ.

Во меѓувреме, денеска рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Ријабков, изјави дека верува оти Техеран и шестте светски сили ќе постигнат конечен договор во врска со иранската нуклеарна програма, до крајниот рок, 24 ноември.