Русија изведува анти -терористички воени вежби во Таџикистан

Руските сили кои се распоредени во Таџикистан одржуваат анти-терористичка воена вежба во близина на главниот град Душанбе, соопштија воените власти. Воената вежба започнала денеска. Повеќе од 1.000 луѓе вежбаат како би се справиле со евентуaлни напади од „меѓународни терористи“. Таџикистан дели границата со Авганистан, и руските официјални претставници се загрижија дека милитантите може да бидат закана за оваа земја и за Русија, откaко поголемиот дел од западните војници ќе го напуштат Авганистан. Базата во Таџикистан е најголемиот руски непоморски воен објект надвор од земјата, со околу 6.000 лица стационирани во базата.