НАТО сака „конструктивни“ односи со Русија

Новиот шеф на НАТО, Јенс Столтенберг.

Новиот шеф на НАТО вели дека Алијансата сака „конструктивни“ односи со Русија и покрај чекорите за зајакнување на одбраната на земјите членки во источна Европа.

Јенс Столтенберг, кој е во прва посета во странство откако стана генерален секретар на НАТО минатата недела, во интервју за полски дневен весник изјави дека „не постои противречност меѓу силно НАТО и градењето конструктивни односи со Русија“. Столтенберг вети дека НАТО ќе ги почитува меѓународните обврски, вклучувајќи го и договорот со Москва после Студената Војна, за ограничено распоредувања во поранешниот комунистички блок.

Во изјава дадена на 5 октомври, Столтенберг, пак, рече дека НАТО може да ги распореди своите сили каде сака, со што се доведе во прашање ветувањето дадено на Русија во 1997 дека нема трајно да распоредат значаен број на борбени сили на исток.

Односите меѓу НАТО и Москва се сериозно затегнати поради кризата во Укриана.