Блокирани стотици веб сајтови во Таџикистан

Интернет корисниците во Таџикистан велат дека стотици веб сајтови, вклучувајќи ги Фејсбук и Јутјуб се недостапни од 5 октомври. Од Здружението на интернет провајдери, велат дека најмалку 200 веб-сајтови, вклучувајќи и популарни руски социјални мрежи, остануваат недостапни. Медиумите јавуваат дека блокирањето на сајтовите може да е поврзано со повиците на опозицијата преку социјалните мрежи за протест во Душанбе на 10 октомври.
Но од Државната служба за коминикации велат дека не дале никакви наредби да се блокираат некои сајтови. Од таму велат дека извештаите за наводно блокирање на веб-сајтови, вклучувајќи го и Фејсбук, не соодветствуваат на реалноста. Неколку пати во изминатите две години, таџикистански власти беа обвинети за блокирање на популарни веб-сајтови.