Кралот на Тајланд на операција

На кралот на Тајланд му била извршена операција и му било острането жолчното кесе. Тој е монарх кој најмногу време е на престолот во светски рамки. Осумдесет и шестгодишниот крал Бумибол Адулиадеј бил хоспитализиран во Бангкок на 3 октомври. Од Палатата велат дека операцијата поминала и дека состојбата на кралот била задоволителна.