Почнува сезоната на Нобелови награди

Денеска почнува соопштувањето на добитниците на Нобеловата награда. Најнапред тоа ќе биде за достигнувања во медицината, додека утре и задутре ќе бидат соопштени добитниците на Нобеловата награда за физика и за хемија. Најмногу шпекулации и годинава се плетат околу можниот добитник на Нобеловата награда за мир која се соопштува на 10 октомври. За неа се пријавени рекордни 278 кандидати.