Експлозија во Грозни, загинаа четири полицајци

Министерството за внатрешни работи во Северен Кавказ, Чеченија соопшти дека одекнала експлозија во близина на местото каде што требало да се одржи концерт, во чест на одбележувањето на 196 годишнината на градот Грозни. Руските новински агенции јавуваат дека локалната полиција која работела на детекторот за метал надвор од концертното место се посомневала на однесувањето на еден млад човек во толпата. Кога полицијата се приближила кон човекот, тој го активирал експлозивот што го носел, при што загинале четворица полицајци. Локалните власти соопштија дека човекот, бил од областа Старопромисловска, во Грозни, а својот дом го напуштил домот пред два месеци. Инцидентот се случи на одбележувањето на денот на градот Грозни.